logo
logo
logo

Зеленски се надева дека Европа и САД ќе учествуваат во евентуалните мировни преговори

Vecer | 25.01.2025

Зеленски се надева дека Европа и САД ќе учествуваат во евентуалните мировни преговори

На заедничката прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду, Зеленски рече дека Украина, исто така, мора да учествува во преговорите за прекин на војната за тие да имаат значајно влијание.

„Што се однесува до тоа каква ќе биде организацијата на преговорите: Навистина се надевам дека Украина ќе учествува, Америка, Европа и Русите“, рече Зеленски, кратко откако појасни дека сè уште не е воспоставена рамка.

„Да, навистина би сакал Европа да учествува, бидејќи ние ќе бидеме членки на Европската унија“, нагласи украинскиот претседател.

Зеленски прецизираше дека верува оти новиот американски претседател Доналд Трамп може да стави крај на војната, но дека тоа ќе може да го направи само ако ја вклучи Украина во преговорите.

„Тој може да го направи тоа само со Украина, во спротивно нема да успее. Затоа што Русија не сака да ја заврши војната, додека Украина го сака тоа“, додаде Зеленски. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk