logo
logo
logo

Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина

Vecer | 16.04.2025

Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина

-Сите територии припаѓаат на обединетата држава Украина. Само украинскиот народ ќе носи одлуки во врска со нивната национална територија, рече Зеленски. „За нас е црвена линија да не признаеме ниту една привремено окупирана територија како украинска, туку да ја признаеме како руска“, додаде Зеленски.

Тој изјави дека американските претставници кажуваат работи кои се надвор од нивната надлежност. Неговото мислење веројатно е насочено против Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, кој учествува во разговорите за Украина, забележува ДПА.

Виткоф минатата недела разговараше со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург. Тој тогаш рече дека евентуалниот мировен договор ќе го реши и прашањето за таканаречените пет територии.

По анексија на Крим пред 11 години, Русија, исто така, ги прогласи регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје во Украина за дел од руската територија во 2022 година. Со исклучок на Крим, Русија не контролира целосно ниту една од овие области.

Неодамна Сергеј Наришкин, шеф на руското надворешно разузнавање, изјави дека Киев мора да се откаже од овие територии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk