logo
logo
logo

Зеленски разговараше со Макрон: На Украина и се потребни безбедносни гаранции

Vecer | 14.01.2025

Зеленски разговараше со Макрон: На Украина и се потребни безбедносни гаранции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон за можноста за распоредување на западни трупи во Украина за да се заштити каков било мировен договор што ќе стави крај на речиси тригодишната војна со Русија.

Зеленски го изјави ова пред средбата во Киев со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, кој заедно со министрите за одбрана на Франција, Велика Британија, Италија и Полска, допатуваа во ненајавена посета на Украина.

Макрон наиде на критики од другите западни лидери и дејствуваше изолиран на европската сцена, откако пред речиси една година рече дека постои можност за „распоредување на западни трупи во Украина“.

Зеленски му рекол на Макрон дека на Украина и се потребни безбедносни гаранции за да поддржи каков било мировен договор.

„Разговаравме за француската иницијатива за распоредување воени контингенти во Украина. Разгледавме практични чекори за нејзино спроведување, можно проширување и вклучување на други земји во овој процес“, рече Зеленски. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk