logo
logo
logo

Зеленски: Првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје

Vecer | 30.04.2025

Зеленски: Првиот чекор кон мир во Украина е Русија да се согласи на безусловно примирје

-Тие мора да преземат јасни чекори кон завршување на војната, а ние инсистираме првиот чекор да биде безусловно и целосно прекин на огнот. Русија мора да го стори тоа, нагласи Зеленски.

Украинскиот лидер, исто така, рече дека Украина се подготвува за повеќе разговори со САД, кои имаат за цел да извршат притисок врз Москва да учествува во разговорите.

-Ги избираме точките на притисок во Русија кои најсилно ќе ја охрабрат Москва кон дипломатија, истакна украинскиот претседател.

Володимир Зеленски вчера го критикуваше предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот од 8 до 10 мај, по повод прославата на победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна. Украинскиот претседател изјави дека нема потреба да се чека до 8 мај за прекин на огнот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно вчера изјави дека Украина не одговорила на понудата на Путин за директни мировни преговори и дека не е јасно дали Киев ќе се приклучи на иницијативата за тридневен прекин на огнот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk