logo
logo
logo

Зеленски предлага трилатерална средба со Трамп и Путин

Vecer | 28.05.2025

Зеленски предлага трилатерална средба со Трамп и Путин

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предложи трилатерална средба со претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, со цел унапредување на мировните преговори, истовремено повикувајќи го Вашингтон да воведе нови санкции против Москва.

„Подготвени сме за форматот Трамп-Путин-јас“, се наведува во изјавата на украинскиот претседател, која до утрово беше под ембарго за објавување, јави Бета.

- Ако на Путин не му одговара билатерална средба, или ако сите сакаат трилатерална средба, тоа не ми пречи. Подготвен сум за кој било формат, додаде тој.

- Очекуваме санкции од САД против енергетскиот сектор и банкарскиот систем на Русија, бидејќи Москва сè уште не го прифатила предлогот за прекин на огнот, додаде Зеленски.

Тој рече дека Русија распоредува повеќе од 50.000 војници во близина на североисточната украинска област Суми, подготвувајќи се за можна офанзива на пограничната територија. Москва претходно најави дека сака да создаде „тампон зона“ за да спречи упади од Киев.

- Во моментов трупаат војници во правец на Суми. Повеќе од 50.000, рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека Русија сака да ги протера украинските трупи од својот регион Курск, кој се наоѓа преку границата, и да подготви офанзива на Сумската област. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk