logo
logo
logo

Зеленски повика на зголемен притисок врз Путин на самитот на ШОС во Кина

Vecer | 31.08.2025

Зеленски повика на зголемен притисок врз Путин на самитот на ШОС во Кина

Зеленски синоќа изјави дека разговарал со индискиот премиер Нарендра Моди, кој треба да се сретне со Путин на самитот во кинескиот град Тјенџин.

Зеленски рече дека очекува Моди да работи во прилог на прекин на огнот во конфликтот меѓу Украина и Русија, што трае повеќе од три и пол години, пренесе ДПА.

Украинскиот лидер повторно рече дека прекинот на огнот е предуслов за почеток на мировните преговори.

Русија, од друга страна, вели дека сака да преговара за траен мир без претходно да го прекине конфликтот.

Зеленски во својата синочешна редовна вечерна видео порака уште еднаш ја изрази својата подготвеност да се сретне со Путин, и покрај обесхрабрувачките сигнали од Москва.

Неговиот преговарач Рустем Умеров одржа разговори во Турција, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Катар. Сите тие се подготвени да организираат билатерален состанок, како и Швајцарија, рече Зеленски.

Тој, исто така, најави понатамошни состаноци во Европа следната недела за да се обезбеди „силен одговор“ на Москва, додека ЕУ подготвува 19-та рунда санкции против Русија, пренесе германската агенција.

Путин од денеска присуствува на самитот на ШОС а во среда ќе биде главен гостин на воената парада во Пекинг, потсети ДПА. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk