logo
logo
logo

Зеленски потпиша указ со кој се воведуваат санкции кон белорускиот претседател

Vecer | 18.02.2026

Зеленски потпиша указ со кој се воведуваат санкции кон белорускиот претседател

Санкциите против Лукашенко вклучуваат економски мерки, како и забрана за влез во Украина.

Зеленски наведе дека во втората половина од 2025 година Русија распоредиле систем на релејни станици за контрола на беспилотни летала на територијата на Белорусија, што ја зголемило способноста на руската армија да ги напаѓа северните региони на Украина.

- Повеќе од 3.000 белоруски компании се ставени во служба на руската армија и испорачуваат машини, опрема и компоненти категоризирани како критично важни - истакна Зеленски.

Тој посочи и дека се развива и инфраструктурата за распоредување на ракети со среден дострел Орешник на територијата на Белорусија. Според Зеленски тоа не е закана само за Украина, туку и за Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk