logo
logo
logo

Зеленски откако Трамп налутено рече дека се неблагодарни за неговиот напор: Благдарни сме

Vecer | 23.11.2025

Зеленски откако Трамп налутено рече дека се неблагодарни за неговиот напор: Благдарни сме

Американскиот државен секретар Марко Рубио и главниот преговарач на Украина Андриј Јермак го поздравија „добриот напредок“ во тековните разговори во Женева за планот на Трамп за прекин на војната со Русија, а претседателот Володимир Зеленски му се заблагодари на Трамп за неговите напори да ѝ помогне на Украина.

„Мислам дека веројатно имавме најпродуктивен и најзначаен состанок досега во целиот овој процес“, им рече Рубио на новинарите, додавајќи дека делегациите ќе продолжат со своите дискусии.

Зеленски: Украина е благодарна за напорите на САД и Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека Украина е благодарна на САД и на претседателот Доналд Трамп за сите американски напори насочени кон помагање на Киев, иако претходно Трамп напиша на Truth Social дека Украина е неблагодарна.

„Украина е благодарна на САД, на секое американско срце, а особено на претседателот Трамп за помошта што, почнувајќи од Javelin (ракетите), спасува украински животи“, напиша Зеленски на Telegram откако Трамп рече дека украинските лидери не изразиле „никаква благодарност“ за американската помош.

Зеленски, исто така, им се заблагодари на Европа и на Г7 и Г20 за нивната помош, велејќи дека напорите за одржување на таа поддршка се важни.

„Затоа работиме толку внимателно на секоја точка, на секој чекор кон мирот“, напиша тој. „Сè мора да се разработи правилно за да можеме навистина да ја завршиме оваа војна и да спречиме повторно да се случи војна.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk