logo
logo
logo

Зеленски оди во Париз на разговори со Макрон пред самитот за Украина

Vecer | 26.03.2025

Зеленски оди во Париз на разговори со Макрон пред самитот за Украина

Франција и Велика Британија ја предводат иницијативата за формирање на таканаречена „коалиција на подготвените“, која би била составена од земји подготвени да обезбедат безбедносни гаранции во случај на прекин на огнот меѓу Русија и Украина.

Концептот треба да биде финализиран на утрешниот самит во Париз.

Западните сојузници на Украина размислуваат за мониторинг на можна демилитаризирана зона на границата меѓу Русија и Украина, според информациите до кои дојде ДПА.

Тоа би се правело првенствено од воздух и со помош на технички средства како сателити и дронови. Поморските единици би можеле да бидат распоредени и за следење на слободата на пловидба во Црното Море.

Според плановите, преку Обединетите нации може да се мобилизираат мировни сили во конвенционална смисла, составени исклучиво од војници од непартиски трети земји.

Европските сили потоа би можеле да бидат стационирани на западната граница на Украина и да понудат програми за обука за нивните украински партнери. Главниот гарант за безбедност ќе биде нуклеарната суперсила на САД. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk