-Разговарав со американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во врска со безбедноста на енергетските системи на двете земји... Ако даде Господ, страните ќе се договорат на следниот состанок, кој ќе се одржи в понеделник во Саудиска Арабија. Нашите технички тимови ќе бидат таму, структурата е таква што ќе има средба меѓу Украина и Америка, а потоа и средба меѓу САД и Русија. Или тоа ќе бидат паралелни состаноци во една земја на една тема, онаа што ја спомнав, рече Зеленски, додавајќи дека не треба да има различни разбирања за тоа што ќе се договорат страните.
Тој нагласи дека притисокот врз Русија треба да се зголеми, а еден од првите такви чекори, како што наведе, „треба да биде молчење“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата