logo
logo
logo

Зеленски најави нови договори со САД и го претстави новиот владин состав

Vecer | 17.07.2025

Зеленски најави нови договори со САД и го претстави новиот владин состав

Пред украинскиот Парламент, Зеленски го претстави и новиот состав на Владата, а најави и ревизија на сите договори за јавни набавки во областа на одбраната. Целта е 50 отсто од оружјето и воената опрема да се произведуваат во Украина.

Поранешната потпретседателка на украинската влада, Јулија Свириденко, денеска е избрана за нова премиерка на Украина. За нејзиното именување гласаa 262 од 450 членови на Врховната рада.

Таа доаѓа на местото на Денис Шмихал, кој ја извршуваше функцијата пет години, што е најдолг мандат во историјата на земјата. Шмихал ќе ја преземе функцијата министер за одбрана од Рустем Умеров, за кого се смета дека ќе стане нов амбасадор на Украина во Соединетите Американски Држави.

Зеленски истакна дека со Јулија Свириденко разговарал и за спроведување на договорите со европските и американските партнери, кои беа постигнати за време на неодамнешната Конференција за обнова на Украина одржана во Рим.

- Мораме што поскоро да спроведеме сè што може да ја поддржи стабилноста на нашата држава и општество, заклучи украинскиот лидер. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk