logo
logo
logo

Зеленски: Крајот на војната во Украина веројатно же биде според ова сценарио, не ни одговара

Vecer | 04.09.2025

Зеленски: Крајот на војната во Украина веројатно же биде според ова сценарио, не ни одговара

„Јужна Кореја е пример за триумф на вредностите. Нејзиниот развој не е соодветен на развојот на Северна Кореја, каде што имаше вистински економски и цивилизациски пад. Јужна Кореја направи скок напред во цивилизациски, технолошки и економски поглед бидејќи негува хуманизам“, тврди Зеленски.

Според него, крајот на војната според „корејското сценарио“ е веројатен за Украина, но заканата од Северна Кореја е непропорционална на Русија, а нивото на безбедносни гаранции за Јужна Кореја е многу повисоко, пренесува Укринформ.

„Сè е можно, но мора да се каже дека Јужна Кореја има голем сојузник - Соединетите Американски Држави. И, верувајте ми, тие имаат многу системи за воздушна одбрана кои ја гарантираат нивната безбедност“, рече Зеленски.

Тој истакна дека Украина се стреми да добие сигурни безбедносни гаранции, како што се системите „Патриот“ што ги има Јужна Кореја, истакнувајќи дека руската закана за Украина е до десет пати поголема од севернокорејската закана за Јужна Кореја.

„Идентична репродукција на јужнокорејскиот модел веројатно нема да ѝ одговара на Украина од безбедносна гледна точка“, рече Зеленски, додавајќи дека го почитува економскиот модел на земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk