logo
logo
logo

Зеленски ќе се сретне со Трамп на Генералното собрание на ОН

Vecer | 20.09.2025

Зеленски ќе се сретне со Трамп на Генералното собрание на ОН

Во изјава за време на средбата со новинарите, Зеленски прецизираше дека за време на престојот во Њујорк ќе има голем број билатерални разговори, вклучувајќи ја и планираната средба со американскиот претседател, објавија украинските медиуми.

Украинскиот претседател ја спомена и можноста за посебна средба на првите дами на Украина и САД, Олена Зеленска и Меланија Трамп, која ќе биде посветена на хуманитарни прашања, особено теми поврзани со децата.

Претседателот на Украина нагласи дека би сакал да чуе сигнали од Трамп во врска со безбедносните гаранции за Украина, како и понатамошната политика на санкции против Русија.

Зеленски прецизираше дека Украина ја подготвила основата за безбедносните гаранции што Европа е подготвена да ги усвои, земајќи ја предвид улогата на САД.

„Имавме многу разговори, се одржа дијалог на различни нивоа, вклучително и меѓу раководството на нашите армии и генералштабови со Европејците и Американците. Премиерот на Велика Британија (Кир Стармер) се сретна со претседателот на Соединетите Американски Држави и беше договорено дека ќе разговараме за релевантни прашања на нашата билатерална средба во Њујорк“, рече Зеленски.

Тој, исто така, истакна дека Трамп очекува посилни чекори од Европа во врска со санкциите против Русија.

„Секако, ние го поддржуваме воведувањето санкции и заострувањето на царинската политика од страна на цела Европа против земјите што купуваат енергетски ресурси од Русија. Но, поврзувањето на сето ова значи забавување на притисокот врз (рускиот претседател Владимир) Путин. Ние сме подготвени да се сретнеме со Путин. Разговарав за тоа. И билатерално и трилатерално. Тој не е подготвен, рече Зеленски. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk