logo
logo
logo

Зеленски ќе се сретне со Макрон во Париз в понеделник

Vecer | 14.11.2025

Зеленски ќе се сретне со Макрон во Париз в понеделник

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го пречека својот украински колега Володимир Зеленски во Париз в понеделник, со цел посетата да биде „потврда на обврските на Франција кон Украина“ и „да се одржи моментумот на работата преземена по прашањето на безбедносните гаранции“ за Киев, соопшти денеска Елисејската палата.

Ова е деветта посета на Зеленски на Франција од почетокот на војната во Украина во 2022 година. Тоа „ќе ѝ овозможи на Франција да ја потврди својата долгорочна посветеност кон Украина и да го продолжи моментумот на работата преземена по прашањето на безбедносните гаранции“ во рамките на „Коалицијата на волјата“, соопшти претседателскиот кабинет.

За време на посетата, Макрон и Зеленски ќе разговараат и за „билатералната соработка, особено во областите на енергетиката, економијата и одбраната“, се додава во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk