logo
logo
logo

Зеленски ќе го разреши гувернерот на Суми поради рускиот напад во кој загинаа 35 лица

Vecer | 15.04.2025

Зеленски ќе го разреши гувернерот на Суми поради рускиот напад во кој загинаа 35 лица

-Владата ги поддржува напорите за разрешување на Володимир Артјух, рече нејзиниот парламентарен претставник Тарас Мелинчак на каналот Телеграм.

Тоа доаѓа откако Артиух вчера потврди дека во градот Суми за време на тешкиот руски ракетен напад имало собир на воен персонал за церемонија на доделување награди. Тој, меѓутоа, нагласи дека тоа не го иницирал нападот, пренесе германската агенција.

Артиух речиси две години е воен гувернер на регионот Суми.

Во ракетниот напад во неделата во центарот на Суми беа убиени најмалку 35 лица, а, се наведува, само двајца од нив биле војници./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk