logo
logo
logo

Зеленски ја поздравува „ликвидацијата“ на високи руски воени лица

Vecer | 29.04.2025

Зеленски ја поздравува „ликвидацијата“ на високи руски воени лица

Во коментар на социјалната мрежа Телеграм, Зеленски не спомена конкретни примери, но според медиумите „тој индиректно се осврнал на убиството минатата недела во близина на Москва на рускиот офицер Јарослав Москалик“.

„Шефот на Службата за надворешно разузнавање на Украина (Олег Ивашченко) извести за ликвидацијата на лица од високата команда на руските вооружени сили. Правдата неизбежно ќе победи“, рече Зеленски.

-Шефот извести за понатамошните мерки за справување со руската агентска мрежа во Украина и саботерите. Резултатите се добри. Ви благодарам за вашата работа, додаде претседателот.

Кремљ ја обвини Украина дека стои зад експлозијата во петокот во која беше убиен Москалик - најновиот руски офицер убиен од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Властите во Киев не коментираа директно за нападот.

Руските воени блогери го опишуваат 59-годишниот Москалик како „ѕвезда во подем“ кој учествувал во високо ниво на руски делегации кои се сретнале со западни претставници во врска со преговорите за мирно решавање на војната во Украина.

Во текот на викендот, московски суд нареди притвор на украински државјанин обвинет за тероризам во врска со нападот.

Украинската разузнавачка служба СБУ минатиот декември соопшти дека го убила генерал-потполковник Игор Кирилов, висок руски генерал обвинет од Украина за употреба на хемиско оружје против украинските трупи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk