logo
logo
logo

Зеленски изрази незадоволство од светските лидери

Vecer | 11.09.2025

Зеленски изрази незадоволство од светските лидери

- Има повеќе од доволно изјави, но сè уште нема доволно акции. Русите ги тестираат границите на можностите. Тие ја тестираат реакцијата. Внимателно следат како дејствуваат вооружените сили на НАТО, што можат да направат, а што сè уште не можат, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој потсети дека во Белорусија почнаа заеднички воени вежби со Русија, оценувајќи дека тие би можеле да бидат дел од „план за подготовка“. Сепак, не прецизираше на што конкретно мисли.

Украинскиот претседател вчера ја обвини Москва за кршење на полскиот воздушен простор, нарекувајќи го тоа „ново ниво на ескалација“ и „исклучително опасен преседан за Европа“. Според него, станува збор за „уште една рунда ескалација“ во која руски објекти дејствувале во „воздушниот простор на НАТО“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk