logo
logo
logo

Зеленски изјави дека Русија ги уништила енергетските капацитети во регионите Суми

Vecer | 02.04.2025

Зеленски изјави дека Русија ги уништила енергетските капацитети во регионите Суми

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ги уништила украинските енергетски капацитети во регионите Суми и Дњепропетровск.

Дрон удри во трафостаница во североисточниот дел на регионот Суми, а при артилериското гранатирање беа погодени електрични кабли во реонот на Дњепропетровск, поради што речиси 4.000 луѓе останаа без струја, објави Зеленски во социјалната мрежа „Икс“.

На крајот на минатиот месец, Украина и Русија се договорија со САД да ги прекинат нападите врз енергетската инфраструктура во рок од 30 дена, иако двете страни продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за прекршување на договорот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk