logo
logo
logo

Зеленски: Испораките на системи за противвоздушна одбрана за Украина не можат да бидат одложени

Vecer | 01.01.2026

Зеленски: Испораките на системи за противвоздушна одбрана за Украина не можат да бидат одложени

- Убиствата мора да бидат запрени – не може да има пауза во заштитата на животите. Ако нападите не престануваат дури и за време на новогодишните празници, тогаш испораките на противвоздушна одбрана не можат да се одлагаат, наведе Зеленски во објава на социјалните мрежи.

Зеленски изрази надеж дека сè што е договорено со Вашингтон на крајот на декември со цел заштита на Украина, ќе пристигне навреме. Тој рече дека Русија во текот на новогодишната ноќ лансирала повеќе од 200 дронови врз Украина, главно кон енергетски објекти. Зеленски наведе дека повеќето од тие дронови биле соборени.

Како што е соопштено, украинската противвоздушна одбрана (ПВО) соборила 176 од вкупно 205 руски дронови кои биле лансирани во текот на ноќта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk