logo
logo
logo

Зеленски и Трамп имале „многу суштински и искрен разговор“

Vecer | 20.03.2025

Зеленски и Трамп имале „многу суштински и искрен разговор“

Двајцата разговараа откако трамп претходно два часа разговараше со рускиот претседател Путин, што двете страни соопштија дека се договориле да има прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.

 Зеленски вели дека Трамп споделил детали од разговорот со Путин и ја потврдил подготвеноста на Украина да спроведе ограничен прекин на огнот во енергетиката и цивилната инфраструктура.

 Трамп пак, преку социјалните мрежи порача дека најдобра безбедносна гаранција за украинските електроцентрали е САД да управуваат со нив.

Во меѓувреме, во текот на ноќта украина изврши силен напад со дронови врз Русија, а особено базата во градот енгелс каде се сместени руските стратешки бомбардери.

 Следната рунда на разговори за војната во Украина треба да се одржи во Саудиска Арабија каде во понеделник ќе разговараат претставници од САД и Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk