logo
logo
logo

Зеленски го именуваше шефот на разузнавањето Буданов за нов шеф на кабинетот

Vecer | 02.01.2026

Зеленски го именуваше шефот на разузнавањето Буданов за нов шеф на кабинетот

Зеленски денеска на социјалните мрежи објави за состанокот со Буданов, за време на кој му ја понудил оваа функција.

Буданов претходно раководеше со воената разузнавачка служба ХУР. Зеленски истакна дека Украина мора повеќе да се фокусира на безбедносните прашања, развојот на своите одбранбени и безбедносни сили и дипломатските преговори.

Претседателскиот кабинет ќе им даде приоритет на овие задачи, напиша Зеленски, додавајќи дека Буданов „има специјализирано искуство во овие области и доволно сила да постигне резултати“.

Набргу потоа, Буданов ја сподели објавата на Зеленски на својот канал на Телеграм. Во посебна објава, тој напиша дека за него претставува чест и одговорност да се фокусира на прашањата за стратешката безбедност на Украина во овој историски момент за земјата.

Буданов го наследува Андриј Јермак, кој поднесе оставка откако неговиот дом беше претресен од антикорупциските власти на крајот на ноември. Јермак е долгогодишен човек од доверба на Зеленски и беше централна фигура во преговорите со Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната.

Украина, која речиси четири години се брани од руската инвазија, со недели е потресена од корупциски скандал кој допира до највисоките нивоа на власта, потсетува ДПА. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk