logo
logo
logo

Зеленски ги повика странските претставници да не присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва

Vecer | 08.05.2026

Зеленски ги повика странските претставници да не присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, еден ден пред традиционалните прослави по повод Денот на победата во Москва, ги предупреди официјалните претставници на државите сојузнички на Русија да не патуваат во руската престолнина на годишната парада на 9 мај, со која се одбележува победата на Советскиот сојуз над нацистичка Германија, пренесе ДПА.

 Во своето вечерно видеообраќање, украинскиот лидер оцени дека желбата на странските претставници да присуствуваат на прославите во ваков момент е „чудна“.

 Традиционалните прослави на 9 мај во Москва вклучуваат воена парада на Црвениот плоштад. Рускиот претседател Владимир Путин прогласи прекин на огнот за време на одбележувањето, но Зеленски изрази сомнеж во врска со тој потег..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk