Украинскиот претседател Зеленски денеска ќе ја посети Даунинг стрит во Лондон, каде што ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, со кои ќе разговара за мировниот план на САД за Украина.
За време на консултациите со европските лидери оваа недела, Украина ќе се фокусира на безбедносните прашања и долгорочното финансирање, изјави синоќа Зеленски, додавајќи дека претставниците на САД ги знаат основните украински позиции и се подготвени постојано да работат.
„Почнува нов дипломатски неделен циклус – консултации со европските лидери. Прво на сите, безбедносни прашања, поддршка за нашата отпорност, пакети за заштита, првенствено воздушна одбрана, долгорочно финансирање за Украина. Секако, ќе разговараме и за заедничка позиција и позиции во преговорите“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.Трамп изјави дека не е сигурен дали Зеленски ќе се согласи со новиот американски предлог за завршување на руската агресија во Украина. „Малку сум разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот . Тоа беше пред неколку часа. Бидејќи на луѓето им се допаѓа, но нему не“, рече Трамп пред доделувањето на дипломите во центарот „Кенеди“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата