logo
logo
logo

Зедер против коалиција со Зелените во Германија

Vecer | 23.02.2025

Зедер против коалиција со Зелените во Германија

ЦСУ и нејзината сестринска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), најверојатно ќе ја формираат следната влада предводена од нивниот кандидат за канцелар, Фридрих Мерц, јави ДПА.

– Релативно е јасно дека можеме и без Зелените – рече Зедер на собир во Берлин, додавајќи дека остануваат на својата позиција дека оваа партија треба да премине во опозиција.

Во заедничко обраќање со Мерц, Зедер му порача: „ЦСУ останува на твоја страна“.

Иако патот до формирање влада нема да биде едноставен, Зедер нагласи дека ЦДУ/ЦСУ имаат „вистински компас, вистински идеи и вистински лидер со цврстина за справување со предизвиците“, кој може да ја врати Германија во силна позиција. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk