logo
logo
logo

Затворени патишта и прекин на железничкиот сообраќај во Велика Британија поради бурата Дејв

Vecer | 05.04.2026

Затворени патишта и прекин на железничкиот сообраќај во Велика Британија поради бурата Дејв

„Бурата Дејв ќе продолжи да се движи кон североисток денеска, придружена со врнежи од дожд. На север ќе има најсилни врнежи од дожд придружени со силни ветрови и ниски температури, додека во другите делови од земјата температурите на воздухот ќе бидат поблиску до просекот за ова време од годината“, објави денеска Британската метеоролошка служба, пренесува Скај њуз.

Жолтото предупредување издадено за силни ветрови истече во 3:00 часот утрово, но неколку големи мостови во Шкотска се под посебни предупредувања поради силни ветрови, вклучувајќи го и преминот Квинсфери и мостот Форт Роуд во близина на Единбург.

Налети на ветер до 106 километри на час беа регистрирани во северен Велс вчера, а автопатот А66 беше затворен во двата правци.

Патниците на „Скот Реил“ беа предупредени за можни подолги патувања поради ограничувања на брзината на некои делови од линијата, додека „Нетворк Реил“ соопшти дека автобусите ќе ги заменат возовите на линиите до Манчестер, Пикадили и Честер.

Во Даблин, пилотите се соочија со тешки услови за слетување поради силни налети на ветер, а аеродромот во Даблин соопшти дека 17 летови се откажани, а десетици се пренасочени. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk