logo
logo
logo

Захарова за новите санкции од ЕУ: Русија нема да се покори

Vecer | 20.05.2025

Захарова за новите санкции од ЕУ: Русија нема да се покори

- Русија никогаш нема да се покори на никакви ултиматуми. Јасно е дека Европа сака да ја вооружи Украина за да ја продолжи војната, наведе Захарова.

Таа се осврна и на вчерашниот телефонски разговор помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, при што беше истакнато дека Москва е подготвена да соработува со Украина на изработка на меморандум, кој би бил основа на идниот мировен договор.

- Украина мора да одлучи дали сака да учествува во разговорите за меморандумот кој ќе претходи на евентуалниот мировен договор, предложен од Москва, истакна Захарова.

Таа додаде дека европските сојузници на Украина се обиделе да го спречат директниот дијалог помеѓу Москва и Киев, но не успеале во тоа.

Захарова потенцира дека се надева оти Украина ќе заземе конструктивен став за предложените преговори „поради сопственото самоодржување“. Сега, според тоа, топката е во дворот на Киев, истакна портпаролката на руското МНР. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk