logo
logo
logo

Захарова: Новите американски санкции се контрапродуктивни

Vecer | 23.10.2025

Захарова: Новите американски санкции се контрапродуктивни

Новите американски санкции против руските енергетски компании „Роснефт“ и „Лукоил“ се контрапродуктивен сигнал, вклучително и во однос на решавањето на конфликтот во Украина, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од британските медиуми.

-Целите на Русија во Украина остануваат непроменети, а суштинските причини за конфликтот мора да се решат, нагласи Захарова.

Нашата земја разви стабилен имунитет на ваквите санкции, додаде таа.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, исто така, ги спомена новите санкции на Европската Унија против Москва. Таа истакна дека ќе коментира за нив откако ќе бидат објавени детали за нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk