logo
logo
logo

Захарова: ЕУ го саботира самитот Путин – Трамп

Vecer | 20.10.2025

Захарова: ЕУ го саботира самитот Путин – Трамп

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека ЕУ прави се што може да го поткопа претстојниот самит помеѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп и оти продолжува со напорите за ескалација на судирот во Украина.

- ЕУ спроведува активни субверзивни акции пред планираната средба во Будимпешта, наведе Захарова, додавајќи оти „агресивната западноевропска заедница сака да ги саботира сите мирољубиви стремежи“.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков наведе дека Будимпешта е избрана за средба помеѓу Путин и Трамп поради тоа што премиерот на Унгарија, Виктор Орбан има добри односи со американскиот претседател и конструктивни врски со рускиот претседател.

Работата за подготовка на претстојниот состанок во унгарската престолнина, чија цел е постигнување решение за конфликтот во Украина и развивање на односите меѓу Русија и САД, само што почнаа, посочи Песков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk