logo
logo
logo

Загинаа 66 лица во Газа, меѓу нив и деца во напад кај болница

Vecer | 11.07.2025

Загинаа 66 лица во Газа, меѓу нив и деца во напад кај болница

Бројот на жртви во последната воена акција на Израел во Појасот Газа се искачи на 66 лица. Меѓу загинатите се и 17 граѓани меѓу кои и деца, коишто животот го загубија во напад во непосредна близина на медицински центар во Деир ал-Балах, информираат палестинските служби за цивилна заштита.

Сведоци од местото на настанот велат дека утрово израелска авијација погодила група која чекала пред медицинскиот центар. Меѓу жртвите има осум деца.

Инаку, израелската армија соопшти дека нападот имал цел да елиминира припадник на елитната единица Нухба, дел од движењето Хамас. Војската тврди дека овој поединец учествувал во нападите од 7 октомври 2023 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk