Министерот за традиционални прашања, Веленкосини Хлабиса, за трагедијата го обвини невниманието на иницијациските училишта, вклучително и на дел од регистрираните, како и на родителите кои не ги почитувале медицинските совети. Тој истакна дека на младите често им се давале погрешни упатства, како на пример да не пијат вода за раните побрзо да зараснат, што доведувало до тешка дехидрација и смрт.
Најкритична е состојбата во провинцијата Истерн Кејп, каде се регистрирани 21 смртен случај. Властите веќе уапсија 41 лице поврзано со илегални училишта и давање лажни податоци за возраста на децата, со оглед на тоа што законот дозволува учество во овие обреди само на лица над 16 години. Иако државата воведе строги контроли, нелегалните училишта и понатаму опстојуваат поради финансискиот мотив на организаторите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата