logo
logo
logo

Wall Street Journal: Кина на Куба поставила шпионски објект за прислушување на САД

Vecer | 08.06.2023

Wall Street Journal: Кина на Куба поставила шпионски објект за прислушување на САД

Според весникот, ова ќе му овозможи на Пекинг да собира електронски комуникации од југоисточните американски држави каде што се наоѓаат бројни американски воени бази, а исто така ќе овозможи следење на поморскиот сообраќај.

Централната команда на САД е со седиште во Тампа, Флорида. Најголемата американска воена база Форт Либерти се наоѓа во Северна Каролина.

„Двете земји постигнаа начелен договор, а Кина ќе ѝ плати неколку милијарди долари на Куба за локацијата на шпионскиот објект“, пишува WSJ.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека не може да коментира за написот на WSJ, но дека се свесни за напорите на Кина да инвестира во инфраструктурата низ светот за воени цели, „вклучително и во оваа хемисфера“.

Амбасадите на Кина и Куба во Вашингтон засега не се огласуваат. Според WSJ, најновиот развој предизвика тревога во администрацијата на Бајден.

„Заканата за Америка од Куба не само што е реална, туку е и полоша од тоа“, напиша сенаторот Марко Рубио на Твитер. Оваа финансиска инјекција за Куба би била добредојдена со оглед на неуспешната економија, недостигот на гориво, падот на земјоделското производство и продолжувањето на кризата во производниот сектор, фактори кои создаваат големо незадоволство кај жителите на островската држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk