Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази загриженост за евентуални инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“ што ќе се одржи во Белград. Според неговите прогнози, можно е насилство да се случи во периодот меѓу 20:45 и 21:45 часот.
Ќе има насилни случувања, тие нема да можат да ги избегнат тие ситуации. Никој нема да сака да ги слуша нивните говори." – изјави Вучиќ пред медиумите по одбележувањето на Видовден и доделувањето на награди на поединци и институции.
Тој истакна дека официјалните власти ќе покажат воздржаност и трпеливост, но според него, организаторите нема да бидат задоволни од исходот на протестот.
Организаторите, студентите кои го блокираат Универзитетот, го најавија протестот за 18 часот на плоштадот Славија, кој во својот официјален дел треба да заврши до 21 часот.
Студентите до владата доставија две барања – распишување вонредни парламентарни избори и прекинување на собирот во Пионирски парк, очекувајќи тие да бидат исполнети до 21 часот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата