logo
logo
logo

Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија

Vecer | 01.06.2025

Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија

Како и на првите преговори, руската делегација е предводена од помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, а украинската од министерот за одбрана Рустем Умеров.

Првите директни преговори помеѓу Москва и Киев, од почетокот на војната, се одржаа на 16 мај во Истанбул, на кои беше договорена размена на воени заробеници „1.000 за 1.000“.

Според руските медиуми, Москва ќе презентира меморандум за идниот мировен договор, во кој се вклучени сите аспекти за решавање на причините за судирот.

Претседателот на Русија, Владимир Путин минатата недела најави дека за завршување на војната во Украина бара писмени гаранции од поголемите европски држави дека ќе бидат исполнети неговите пет услови - Ветување дека НАТО нема да се шири на исток; Украина да биде неутрална држава; Укинување на дел од западните санкции; Решавање на прашањето за замрзнатите руски имоти; Заштита на луѓето кои зборуваат руски јазик во Украина.

Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најавувајќи дека украинска делегација ќе присуствува на разговорите во Истанбул, ги посочи украинските услови. Тие се: Целосен и безусловно прекин на огнот; Ослободување на затворениците; Враќање на киднапираните деца; И подготовка за состанок на претседателско ниво.

По се изгледа дека ќе продолжат преговорите во Истанбул и покрај денешните меѓусебни напади.

Руските сили утрово извршија ракетен напад врз украинска центар за обука на војници при што загинаа 12 луѓе, а над 60 се повредени. Нападот се случи само неколку часа откако руските сили извршија голем воздушен напад врз регионот на Киев, лансирајќи 472 дронови и седум ракети.

 Украинската безбедносна служба (СБУ) денеска изврши голема тајна операција под кодно име „Мрежа“ при што со дронови нападна четири клучни руски военовоздухопловни бази: Белаја во Иркутската област, Олења во Мурманск, Дјагилев во Рјазан и Иваново во истоимената област. Во нападите со беспилотни летала оштетени или уништени се повеќе од 40 руски воени авиони, вклучувајќи бомбардери со долг дострел Ту-95 и Ту-22М3, како и авион за рано предупредување и надзор А-50.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk