Украина и Русија, со посредство на САД, вчера во Обединети Арапски Емирати почнаа нова рунда преговори.
- Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, групна работа и понатамошно усогласување на ставовите, наведе Умеров.
Специјалниот претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев синоќа изјави дека е постигнат напредок во преговорите за мировниот договор за Украина.
Администрацијата на Трамп врши притисок врз Киев и Москва да ја завршат четиригодишната војна, но неколкуте рунди преговори сè уште не дале резултати.
Русија бара повлекување на украинските сили од Доњецк, додека Украина инсистира замрзнување на судирот на сегашната линија на фронтот и одбива еднострано повлекување на армијата.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа на Телеграм објави дека по трилатералниот состанок во ОАЕ, Киев очекува во блиска иднина да има размена на затвореници.
- Имаме важен чекор, очекуваме размена на затвореници во блиска иднина. Нашите заробеници мора да се вратат дома, посочи Зеленски.
Тој, исто така, нагласи дека партнерите мора да обезбедат процесот да биде реален.
Нашите партнери мора да бидат подготвени да обезбедат вистински безбедносни гаранции и вистински притисок врз агресорот, додаде Зеленски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата