logo
logo
logo

Врховниот суд на САД го блокираше обидот на Трамп за распоредување на Националната гарда во Чикаго

Vecer | 24.12.2025

Врховниот суд на САД го блокираше обидот на Трамп за распоредување на Националната гарда во Чикаго

Врховниот суд го отфрли итното барање на американскиот претседател со кое се тој иницираше суспензија на одлуката на понискиот суд со која привремено се забранува употребата на трупи на Националната гарда во државата Илиноис, јави ДПА.

Националната гарда е воена резервна сила која е дел од вооружените сили на САД. Секоја држава има своја Национална гарда, која е под контролна од државната влада. Меѓутоа, во одредени околности, американскиот претседател може да ја преземе командата.

Трамп во последните неколку месеци нареди распоредување на Националната гарда во неколку поголеми градови, честопати спротивно на желбите на локалните и државните власти.

Првото такво распоредување се случи во Лос Анџелес, каде што избувнаа протести поради рациите на агенцијата за имиграција и царинска контрола (ICE) насочени кон мигрантите. Војници на Националната гарда се распоредени и во главниот град на САД, Вашингтон.

Чикаго постојано се наведува од Трамп како друга потенцијална локација за распоредување поради протестите против рациите на ICE. Во октомври, тој повика стотици членови на Националната гарда во регионот на активна должност, а дополнителни војници беа испратени во Илиноис од Тексас.

Градот предводен од демократите во американскиот Среден Запад стана фокусна точка на отпорот кон пристапот на Трамп. Раководството на Чикаго и владата на државата Илиноис покренаа правна постапка, што го натера федералниот суд во Чикаго да го запре распоредувањето.

Владата на САД поднесе жалба на пресудата, но Апелациски суд, исто така, одби да дозволи распоредување на трупи. Потоа Трамп се обрати до Врховниот суд, што сега, исто така, одби да се интервенира во државата Илиноис, пренесе ДПА. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk