logo
logo
logo

Вработените во Белата куќа се предупредени да не користат привилегирани информации за да се обложуваат

Vecer | 10.04.2026

Вработените во Белата куќа се предупредени да не користат привилегирани информации за да се обложуваат

Е-маил бил испратена на 24 март, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави петдневно одложување на неговата закана за напад врз енергетските објекти и инфраструктурата на Иран. Во мејлот се споменуваат медиумски извештаи кои изразија загриженост дека владини претставници користат информации што не се јавни за да поставуваат облози на платформи како Калши или Полимаркет.

Портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, изјави за Би-Би-Си дека „сите инсинуации дека претставници на администрацијата се вклучуваат во такви активности без докази се неосновани и неодговорни“.

Ингл, исто така, истакна дека сите федерални вработени подлежат на етички правила што забрануваат употреба на внатрешни информации за финансиска добивка.

„Единствениот интерес што го води претседателот Трамп е интересот на американскиот народ“, додаде тој.

Полимаркет се најде во центарот на вниманието во јануари откако корисник заработи речиси половина милион долари со тоа што се обложи за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро кратко пред официјалното соопштение.

Не е познато кој го поставил облогот. Анонимна сметка имала само низа букви и броеви како идентификатор на блокчејнот. Тој случај покрена сомнежи дека корисникот можеби имал пристап до привилегирани информации за американската воена операција.

Пазарите за предвидување, кои тргуваат со договори поврзани со исходот од разни настани, експлодираа во популарност во текот на изминатата година, со промет од повеќе од 44 милијарди долари. Корисниците најчесто се обложуваат на спортски резултати, но и на одлуките на американската централна банка или резултати од избори.

Обложувањето на конфликти дополнително ја отвори дебатата за регулирање на индустријата, особено откако серија сомнителни облози поврзани со војната во Иран предизвикаа повици за истрага во Конгресот на САД.

Во март, демократските лидери претставија закон со кој целосно ќе се забрани обложувањето поврзано со војна или воени операции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk