Автобусот излетал од експресниот пат Притви и паднал во коритото на реката Марсиангди. Спасувачите извлекоа 27 тела од остатоците, а 16 повредени се однесени на лекување во главниот град Катманду, изјави портпаролот на полицијата.
Остатоците од автобусот биле пронајдени во близина на Абухаирени, град на околу 120 километри западно од главниот град Катманду и реката. До утре нема да се отстранат бидејќи се стемни и тоа ја отежнува работата на службите.
Во автобусот се превезувале 43 лица и сите биле индиски државјани, потврди индиската амбасада во Катманду. Амбасадата соопшти и дека автобусот излетал на околу 150 метри од автопатот и оти се координираат со локалните власти кои преземаат акции за помош и спасување.
Автобуските несреќи во Непал се случуваат главно поради лошо одржувани патишта и возила, а во голем дел од земјата планинските патишта се многу тесни./MИА
Предупредување: Видеото во продолжение е со вознемирувачка содржина
An Indian tourist bus ferrying 41 passengers from Bhusawal, Maharashtra, along with a driver & a conductor, plunged more than 150 m into Marshyangdi River near the Aanbu Khaireni region of Tanahu District in Nepal at around 11:30 am. 22 are admitted in hospital. pic.twitter.com/juYYP7t7Vd
— Arvind Chauhan 💮🛡️ (@Arv_Ind_Chauhan) August 23, 2024
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата