logo
logo
logo

Вооружени напаѓачи убија 73 лица во рудник за злато во Јужен Судан

Vecer | 31.03.2026

Вооружени напаѓачи убија 73 лица во рудник за злато во Јужен Судан

Нападите се случија во саботата во близина на Џебел Ирак во државата Централна Екваторија на југот од земјата, изјави потпретседателот Џејмс Вани Ига. Најмалку 25 други се повредени, а некои избегале од местото на настанот. Властите предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми додека потрагата по исчезнатите лица продолжува.

Останува нејасно која група е одговорна за нападот. Потпретседателот рече дека ќе биде покрената официјална истрага и дека ќе бидат зајакнати безбедносните мерки на рударските места и трговските центри.

Чарлс Мадут, гувернер на државата Северен Бар ел Газал на северозападниот дел од земјата, го осуди нападот, опишувајќи го насилството врз невините цивили како неприфатливо и велејќи дека сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk