Истрагата против потпретседателот на Централната воена комисија на Кина (ЦВК), Џанг е поради што тој наводно создал „политичка клика“ за да изгради „мрежа на влијание“ и со тоа го злоупотребил својот авторитет во ЦВК.
Тој се сомничи и дека примал мито во замена за унапредување во највисокото тело на Комунистичката партија за носење на воени одлуки.
Џанг се товари и дека наводно му помагал на поранешниот кинески министер за одбрана Ли Шангфу да напредува во замена за мито.
Кинеското Министерство за одбрана вчера соопшти дека Џанг е под истрага поради сомневање за тешко кршење на дисциплината и законот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата