logo
logo
logo

„Волстрит џурнал“: Иран сака да разговара со САД и Израел за прекин на воените операции

Vecer | 16.06.2025

„Волстрит џурнал“: Иран сака да разговара со САД и Израел за прекин на воените операции

Иран итно сигнализираше дека сака да ги прекине непријателствата и да ги продолжи разговорите за својата нуклеарна програма и испрати пораки до Израел и до САД преку арапски посредници, објави денеска „Волстрит џурнал“ (Wall street journal) повикувајќи се на арапски официјални претставници.

Според весникот, Техеран на арапските официјални претставници власти им соопштил дека е подготвен да се врати на преговарачката маса сè додека САД не се приклучат на израелските нападите.

„Волстрит џурнал“ наведува дека паузата ќе му овозможи на Иран да се прегрупира и да го зголеми меѓународниот притисок врз израелската кампања.

Според арапските дипломати, Техеран најверојатно се надева дека Израел не може да си дозволи да биде вовлечен во војна и оти на крај ќе бара дипломатско решение. Исто така Иран тврди дека Израел нема јасна стратегија за излез од конфликтот и има потреба од американска помош за да нанесе значителна штета на цели како што е објектот за збогатување ураниум Фордо.

Иран најавил и интензивирање на нуклеарна програма и проширување на војната доколку нема изгледи за обновување на разговорите со САД. Но, според арапските посредници, Техеран во моментот не е подготвен да направи нови отстапки во преговорите за својата нуклеарна програма. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk