logo
logo
logo

Војната на Блискиот Исток ќе трае најмалку 100 дена- американската армија побарала посебно засилување од Пентагон

Vecer | 05.03.2026

Војната на Блискиот Исток ќе трае најмалку 100 дена- американската армија побарала посебно засилување од Пентагон

Барањето дојде од Централната команда на САД (CENTCOM), која побара од Министерството за одбрана на САД да испрати повеќе воено разузнавачки персонал во своето седиште во Флорида за да ги одржи операциите против Иран во наредните месеци, според интерни документи цитирани од Политико.

Барањето за дополнителен персонал сугерира дека веќе се планира долготрајна кампања што би можела да се протега до септември.

Развојот на настаните е во спротивност со претходните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој кратко по почетокот на конфликтот рече дека операцијата би можела да трае околу четири недели „или дури и помалку“.

Американските одбранбени претставници, исто така, работат на распоредување дополнителни системи за воздушна одбрана во регионот на Блискиот Исток, особено помали и поевтини технологии против беспилотни летала што Пентагон ги развива во последниве години, изјави американски функционер за Политико.

Воените напори - започнати заеднички од САД и Израел - започнаа на 28 февруари под името Операција „Епски бес“. На првиот ден од кампањата, врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, беше убиен во напад врз неговата резиденција во Техеран.

Политико објави дека тимот на Трамп „не ги предвидел целосно широките последици“ од војната. Како еден знак за ова, американскиот Стејт департмент започна со распоредување дополнителни ресурси за евакуација на американскиот дипломатски персонал низ Блискиот Исток.

Извор од Стејт департментот изјави за Политико дека вишиот менаџмент презел директна контрола врз процесот на евакуација, задача што вообичаено ја извршуваат конзуларните службеници.

Шестмина американски војници веќе се убиени во кампањата, а Трамп рече дека се можни повеќе жртви од страна на САД.

Конфликтот почна да влијае и на земјите долж Персискиот Залив. Ирански беспилотни летала и ракети летаат кон Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Кувајт и други соседни држави.

Во меѓувреме, бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец - една од најважните рути за глобален извоз на нафта - во голема мера е запрен бидејќи бродовите го избегнуваат преминот поради иранските закани за напади со беспилотни летала.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk