logo
logo
logo

Воена вежба на кинеската армија во близина на филипинскиот остров Лусон

Vecer | 24.04.2026

Воена вежба на кинеската армија во близина на филипинскиот остров Лусон

Вежбата, во која беше вклучена боева муниција, вежби за координација на море и воздух, брзи маневри и надополнување гориво на море, имаше за цел тестирање на интегрираните заеднички борбени способности.

Но, кинеската армија не соопшти детали за точната локација и време на воената вежба.

Во меѓувреме, кинеското Министерство за одбрана соопшти дека министерот за одбрана Донг Џун денеска во Москва се сретнал со рускиот колега Андреј Белоусов. Двајцата министри разговарале за зајакнување на стратешката комуникација и продлабочување на практичната соработка во сите области.

Предвидено е Донг да отпатува и за Киргистан, каде што ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана од земјите-членки на Шангајската организација за соработка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk