Иранската делегација е предводена од министерот за надворешни работи Абас Арагчи, додека САД се претставени од специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека индиректно ќе биде вклучен во преговорите.
- Ќе бидам вклучен во тие разговори индиректно и тие ќе бидат многу важни. Ќе видиме што може да се случи - истакна Трамп.
САД со години се обидува да го спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма е за цивилни цели.
Претходно, Техеран соопшти дека е подготвен да разговара за ограничувањата на својата нуклеарна програма доколку САД се подготвени да ги укинат економските санкции. Но, Иран не е подготвен да преговара за други прашања, како што се ограничувањето на својот ракетен арсенал или прекинувањето на поддршката за вооружените групи во регионот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата