logo
logo
logo

Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти

Vecer | 01.06.2025

Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти

Од почетокот на годината до вчера во Велика Британија пристигнале 14.811 мигранти, што е за 43 проценти повеќе од истиот период од минатата година.

Тоа е најголем број мигранти за еден ден од почетокот на годината кои пристигнале во Велика Британија.

Откако се откажа од планот на конзервативната Влада, мигрантите кои илегално влегле на британска територија да бидат испратени во Руанда, премиерот Кир Стармер најави дека неговата Влада ќе се пресмета со бандите и мрежите за шверц со луѓе.

Според податоци на британското Министерство за внатрешни работи во 2024 година во Велика Британија со мали чамци пристигнале 36.816 луѓе, што е зголемување од 25 проценти во однос на 2023 година (29.437). Најголем број пристигнувања е регистриран во 2022 година – 45.774. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk