Британската метеоролошка служба денеска издаде жолт метео аларм поради обилни дождови во следните два дена, кои би можеле да предизвикаат локални поплави и прекини во сообраќајот во јужна Англија, Велс и Северна Ирска, објавија денеска британските медиуми.
Првото предупредување на метеоролозите се однесува на централните и јужните делови на Северна Ирска, каде што невремето би можело да предизвика прекини во автобускиот и железничкиот сообраќај, како и локални поплави, објави Скај њуз.
Метеоролозите издадоа и метео-аларм за југозападна Англија и областите подалеку на исток, речиси до Портсмут и Оксфорд на север.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата