logo
logo
logo

Во Турција се уапсени 42 членови на „Исламска држава“ во голема антитерористичка операција

Vecer | 03.01.2025

Во Турција се уапсени 42 членови на „Исламска држава“ во голема антитерористичка операција

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека во акцијата која била спроведена на територијата на 17 (од вкупно 81) окрузи во земјата, меѓу кои Адана, Анкара, Истанбул и Едрене се приведени вкупно 42 лица.

Јерликаја прецизираше дека операцијата била спроведена под координација на окружните обвинителства и Управата за  борба против тероризмот на Генералната команда на жандармеријата од тимови од локалните команди на жандармеријата.

Како резултат на операциите, уапсени се 42 осомничени за кои е утврдено дека се членови на терористичката организација, ја финансирале и вршеле пропаганда за неа преку нивните профили на социјалните мрежи. Во рациите се запленети бројни документи и дигитални материјали на групата, истакна Јерликаја . 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk