logo
logo
logo

Во Турција приведени 125 осомничени членови на ИД

Vecer | 31.12.2025

Во Турција приведени 125 осомничени членови на ИД

Изминатата недела приведени се стотици осомничени припадници на ИД, со цел да се спречат напади за време на празниците. Турските власти ги интензивираа напорите за борба против тероризмот пред новогодишните прослави, по разузнавачките предупредувања за евентуални напади од страна на ИД.

На 28 декември во престрелката во Јалова, северозападна Турција загинаа тројца полицајци и шест припадници на ИД.

За време на вчерашната операција приведени се 357 осомничени лица.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека денеска се извршени рации во Истанбул, Анкара, Измир, Бурса и Јалова.

ИД има извршено низа смртоносни напади во Турција. Најсмртоносен е нападот изведе за време на прославата на Нова година во 2017 година во ноќен клуб во Истанбул, при што загинаа 39 луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk