logo
logo
logo

Во тајна гробница во Мексико пронајдени 32 тела

Vecer | 05.08.2025

Во тајна гробница во Мексико пронајдени 32 тела

Канцеларијата на државниот обвинител на Гванахуато вчера на „Х“ напиша дека телата се пронајдени во тајни гробници на имот во населбата Ла Калера, околу 320 километри северозападно од Мексико Сити.

Откритието се случи помалку од два месеци по масовното пукање на улична забава во Ирапуато, во кое загинаа 12 лица, соопшти агенцијата.

Во Гванахуато, картелот „Нова генерација Халиско“ и локалниот картел Санта Роса де Лима се во конфликт во последните години, при што властите регистрирале повеќе од 1.500 убиства помеѓу јануари и јули.

Групите на организиран криминал во Мексико често ги закопуваат своите жртви во тајни гробови.

Сегашниот број на исчезнати лица, според мексиканската влада, е речиси 132.000. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk