logo
logo
logo

Во Сирија елиминиран командант на ИД

Vecer | 19.09.2025

Во Сирија елиминиран командант на ИД

Командантот Омар Абдул Кадер Басам, познат како Абдул Рахман ал-Халаби, беше шеф на странските операции и безбедноста на ИД. Тој е обвинет за водење напади во неколку земји, вклучувајќи го и бомбардирањето на Амбасадата на Иран во Либан, и за планирање напади во Европа и во САД, што се спречени благодарение на работата на разузнавачките служби, се наведува во соопштението на Ирачката служба за борба против тероризмот.

Централната команда на САД, која е одговорна за Блискиот Исток, изврши серија напади во Сирија насочени кон членови на ИД. Американски претставници предупредија дека ИД се надева дека ќе ја врати својата позиција во Сирија по соборувањето на претседателот Башар ал Асад во декември минатата година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk