Пукањето во неделата на плажата Бонди ја претвори прославата на еврејскиот празник Ханука во трагедија во која беа убиени 15 лица. Оваа трагедија ја потресе целата нација и ги зголеми стравовите од растечки антисемитизам и насилен екстремизам.
Навид Акрам, преживеаниот осомничен за масовното пукање денеска е обвинет за 59 кривични дела, вклучувајќи 15 точки за убиство и една за извршување терористички акт, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.
Другиот напаѓач, неговиот татко Саџид Акрам (50), беше убиен во престрелка со полицијата на самото место.
Петнаесет лица загинаа, а десетици други беа повредени во нападот чија цел беше австралиската еврејска заедница на настан со кој се прославуваше првата ноќ на Ханука.
Вкупно 21 повредено лице до вчера сè уште беа на болничко лекување. Петмина од нив се во критична состојба, соопштија здравствените власти на Нов Јужен Велс. Останува нејасно дали преживеаниот напаѓач е вклучен во тие бројки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата